Стани дел од ХЕРА млади
Линк до формуларот за волонтирањеМитови и факти
Мит
Машко е ма, остави го. Девојче си не е убаво така.
Факт:
Игнорирањето и одобрувањето на лошите постапки на момчињата и замолчувањето или засрамувањето за постапките кај девојчињата уште од мали нозе, се темелите на родово нерамноправно општество. Двете постапки се штетни и по момчињата и по девојчињата.
Мит
Вистински маж не плаче, жена што реагира драматично сигурно е во ПМС.
Факт:
Емоциите немаат род, човечки е да се чувстуваш тажно, среќно, луто, заљубено, бесно, без разлика на полот или родот. Емоциите можат да зависат од повеќе фактори како кај мажите, така и кај жените. Плачењето не нѐ прави помалку мажи, како што ни ПМС-от не е секогаш причина поради која жените се вознемирени. Искажувањето на емоциите е здраво, а нивното потиснување може сериозно да го наруши нашето здравје без разлика на кој род или пол припаѓаме.
Мит
Ако девојката била облечена провокативно, тогаш самата си е крива што била силувана.
Факт:
Во ниту еден случај, никогаш облеката или однесувањето на девојката не е покана/провокација за силување! Жртвата на насилство никогаш не е виновна за насилството што го доживеала. Едно чудо податоци добиено од центрите за помош на жртвите потврдуваат дека начинот на облекување и изгледот на жртвата не се пресудни за силувачот. Жртвите може да се облечени најскромно и повторно да станат жртви.
Мит
За да постои сексуално вознемирување, мора да има физички контакт.
Факт:
Сексуално вознемирување се и непожелните пораки со сексуална конотација, сексуални гестикулации, фотографирање или покажување на фотографии од телото со сексуално значење без согласност, озборување и ширење гласини со сексуална конотација, закани, навредливи коментари со сексуална содржина...
ССО - што?
„И ти имаш право да се чувстуваш здраво”- е нашето мото.
Сеопфатното сексуално образование има за цел да ти обезбеди веродостојни информации, да те научи како да се грижиш за своето здравје и безбедноста, но и за здравјето на другите. Ќе ти помогне полесно да се справиш со сите предизвици и прашања кои ги носат пријателските и љубовните врски. Ќе те информира за твоите права, но и за сите бесплатни услуги и сервиси кои ти стојат на располагање. Доколку следиш ССО полесно ќе ги препознаваш дезинформациите.
Побарај не во младинските центри и дознај повеќе за ССО, а и за користење на бесплатните услуги во нив. Посети ги и страниците roditelska.mk и seksualnoobrazovanie.mk
Сакам да знам - ХИВ тестирање
Колку е важно да правиш редовни прегледи?
Дали знаеш каде треба да одиш?
А имаш кого да прашаш?
Достапноста, пристапот и квалитетот на здравствените услуги се важни за твоето здравје, особено кога станува збор за сексуалното и репродуктивното здравје.
Сите услуги и сервиси на ХЕРА се бесплатни и доверливи.
Закажи термин онлајнХЕРА млади
Кои се ХЕРА млади?
ХЕРА Млади произлезе од потребата на младите да бидат слушнати и да ги преземат работите во свои раце секојпат кога приоритетните прашања за младите не се истовремено приоритетни прашања и за институциите.
Денес неформалната младинска група на ХЕРА брои над 90 млади на возраст од 16 до 25 години кои посветено ја подигаат свеста и ги едуцираат своите врсници за сексуалното и репродуктивното здравје и права преку врсничките едукации за сеопфатното сексуално образование.
Збор-два за ХЕРА волонтери...
Вкупно 45 млади волонтери се дел од тимот на ХЕРА Млади. Групата на врснички едукатори ја сочинуваат 19 млади едукатори за ССО. Освен со давањето врснички едукации, ХЕРА Млади се активни и преку други форми на волонтерство и активизам, кои постојано и постојано се надополнуваат со нови. Заследете го нивниот профил heramladi на Инстаграм за да дознаете повеќе
- Продуцирани се 6 епизоди од подкастот „Секси маало“ во кои тие разговараат за интересни теми за правата на жените и младите, а посебно се задржуваат на врските и односите во кои тие влегуваат.
- Младите од ХЕРА секоја година се во првите редови на Осмомартовскиот марш и на Парадата на гордоста.
- Младите волонтери се исто така секоја година присутни и на Д-фестивалот,каде што спроведуваат различни активности на сензитивини и „табу теми".
Доколку сакаш да придонесеш за твојата заедница, стекнуваш нови вештини и пријателства
Стани волонтерЦентар за момчиња и мажи
Во нашата култура често се промовира идејата за „силен маж“ – маж кој не зборува за своите емоции, маж кој не плаче и самиот ги решава своите проблеми. Овој стереотип создава огромен притисок и ги спречува мажите да ги споделат своите чувства и да побараат поддршка.
Мажите од најмали, учат да ги потиснуваат своите чувства, што може да доведе до проблеми со менталното здравје како што се анксиозноста и депресијата. Време е ова да се промени. Барањето помош и зборувањето за менталното здравје е знак на сила, а не на слабост.